440
Советот на Општина Охрид на денешната седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини, кој беше избран на последните локални избори од редовите на ДУИ.
Претседателот на Советот, Сашо Донев во изјава за МИА посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини.
– Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев.