961
Конттроверзниот охридски бизнисмен Нефи Усеини против кого има обвинение за напад со пиштол врз сограѓанин и истраги за две дивоградби беше домаќин и го шеташе министерот за економија, Крешник Бектеши денеска низ Охрид.
Бектеши беше во Охрид и во Струга за да ја промовира новата мерка и законска измена со која во туристичките региони ќе се релаксира правилото за недела работен ден, а во Струга го придружуваше, градоначалникот Рамиз Мерко.
Фотографиите беа објавени на официјалниот фејсбук профил на Бектеши.
Усеини и на последните локални избори беше избран за советник во Охрид од ДУИ, а според веб сајтот на општината, усеини е член на општинската статутарно-правна комисија и на Комисијата за заштита на животната средина.