974
Судијката Билјана Белевска – Пројковска ги ослободи од обвинение браќата Нефи и Ибро Усеини за напад врз охриѓанецот Топалоски, кој прво ги обвини браќата дека го нападнале, а потоа се премисли и даде спротивен исказ.
Иако на снимките јасно се гледа како е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, спротивно на она што го кажа во Обвинителството.
Инаку, Нефи Усени е охридски бизнисмен и прв човек на локалниот огранок на ДУИ, чие име беше поврзано со низа скандали и инциденти.