Недоволни 13 гласа за камбек на Русковска

by fokus

Обвинителката Вилма Русковска освои 13 гласа на денешните избори за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, неофицијално дознава ,,Фокус”. Овие гласови се недоволни за суспендираната обвинителка да направи камбек.

Како што веќе објавивме, според наши извори, за шеф е избран гостиварскиот обвинител Ислам Абази, кој доби 66 гласа, а само два гласа помалку доби скопскиот обвинител Ермон Незири.

Право на глас имаа 163 обвинители од државата.

Наскоро се очекуваат и официјалните податоци од Советот на јавните обвинители.

В.В.

Поврзани новости