Недостасуваат уште 4.000 денари да биде погребан чичко Цобе

by fokus

Изминаа речиси два месеци од немилиот настан во Скопје, кога беше претепан Слободан Минциковски, познат како чичко Цобе. Тој набрзо им подлегна на повредите а се уште недостасуваат средства за негов погреб.

Од организацијата „Љубезност“ информираа дека треба да се соберат уште 4.000 денари за Слободан да биде достојно погребан.

Слободан Минциковски продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво Декор“. Тука беше постојано, спиеше, се хранеше и продаваше. Пред една година едниот син загинува во сообраќајка.

Тој не е евидентиран како бездомник, затоа што имал куќа на негово име во едно скопско село, не примаше социјална помош.  Слободан има син и ќерка кои не се во можност да ги покријат во целост трошоците.

Повеќе информации ќе добиете во организацијата „Љубезност“.

https://www.facebook.com/ljubeznost/

ФОТО – ЉУБЕЗНОСТ

Поврзани новости