Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека за зголемување на пензиите ќе треба да се чека ребалансот на Буџетот, за што тој и министерката за финансии, како што кажа, интензивно работат и кој е најавен за средината на јули.
Најави две линеарни зголемувања и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март.
Од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања.
За ова ќе се знае во текот на утрешниот ден или денот потоа. Имаме две, едно со нивелирањето сега во септември линеарно зголемување од 2,500 денари и другото ќе биде во март уште 2,500 денари.
Најпрвин треба да обезбедиме со ребалансот 2, 5 милијарди денари, околу 40 милиони евра. Во овој буџет тие пари недостасуваат.
Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи.
И уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување сега што ќе биде во септември, за овие три месеци септември, октомври, ноември бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш.
Останатите ќе бидат во март и со тоа практично нашето ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5. 000 денари во првата година ќе биде и порано исполнета.
Нема да биде до јуни туку ќе биде до март, рече Мицкоски, кој беше на ставање на камен темелник на училиште во Драчево.