Врховната судијка, Лидија Неделкова ќе бара еден милион денари отштета во граѓанска постапка од поранешниот претседател на највисокиот суд, Јово Вангеловски оти не ѝ исплатил додаток на плата од 500 евра.
Неделкова и Вангеловски денеска ги соочија своите аргуметни во Кривчниот суд, каде на Вангеловски му се суди за злоупотреба на службена положба и овластување.
Аргументот на Вангеловски е дека Неделкова не отсуствувала, но и не зела во работа ниту еден предмет распределен од АКМИС-от, па не ѝ следувал ни додаток. Неделкова пак негира дека не постапувала по предметите и дека ова била само една од низата злоупотреби на Вангеловски.
Според обвинението Вангеловски како претседател во 2018 година на сите судии им доделил додаток на плата од 35 отсто, којшто им следувал, освен на Неделкова.