Неделков: Штрајкот не е избрзан, туку е задоцнет!

by Фокус

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека ќе штрајкуваат сите синдикални организации коишто членуваат во СОНК, како и оние кои што доброволно сакаат да се приклучат кон штрајкот. Според него, штрајкот не е избрзан, туку задоцнет.

-Тоа е од причина што ова е финишот од недоразбирањата во однос на примената на Законите и колективните договори. Ова прашање го актуелизираме наназад 4 години. Не би сакал да се политизира социјалниот статус на дејностите кои ги застапуваме. Уште од 2017 и 2018 година почнавме со протести и сметаме дека мора да се применува Законот за минимална плата. Затоа прашувам зошто толку време не се усогласени платите, па да поверувам дека за шест месеци ќе се усогласат – вели Неделков за Утрински брифинг.

Тој додава дека СОНК докажал дека сака да седне и да преговара, и, како што истакнува, не сака да се добие впечаток дека по секоја цена сакаат да штрајкуваат.

Поврзани новости