Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во своето гостување во Студио 10 на ТВ 24, излезе со своја реакција во рамки на укинувањето на предметото историја во основното образование и вметнување заедно со географија и граѓанско образование во еден предмет, насловен како општествени науки.
„Има загриженост кај одредена група на наставници. Тоа е исто и кај музичките наставници кои имаат мал број фонд на часови. Не можам да изнесам детална анализа, бидејќи во моментов се прави истото од страна на СОНК. Постојано се прават реформи кои се избрзани и несоодветни. Поради просторните капацитети, изготвувањето на распоредот на часовите кое го сметам како голем проблем, сметам дека е рано да се изјави јавно дека по секоја цена овој наставен план ќе почне со реализација на 1.септември 2021.година“, истакна Неделков.