Претседателот на СОНК на вчерашната прес-конференција не беше искрен до крај и според мене ги доведе во заблуда наставниците, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски
Според него, правата на штрајкувачите во градинките и училиштата не се прекршени, оти како што кажа, за услогласување на платите со минималната плата постои законски рок од шест месеци, кој сè уште не е истечен.
„Ние ја качивме минималната плата и постои законски рок од шест месеци за усогласување на платите. Тој рок не е истечен. СОНК без да го отвори дијалогот во рамки на тие шест месеци го започна штрајкот. Според мене ги доведе и во заблуда наставниците бидејќи и вчера ја гледав прес-конференцијата на СОНК, каде претседателот ги образложува членовите од колективниот договор и од Законот за исплаќање на плата за време на штрајк, меѓутоа не беше искрен до крај. Не ги кажа точните членови и не ги кажа до крај сите членови, во однос на тие законски решенија, а тоа треба да го направи“, додаде премиерот.
Тој додаде дека преговори не се водат под уцена, туку се водат низ економско-социјален дјалог.