„Наставниците нема да штрајкуваат иако нема ветување за повисоки плати. Засега се преговара, но не е исклучена и оваа можност. СОНК и остава можност на министерка за образование, Весна Јанева да излезе со предлог до средина на септември околу платите, а до сега не сме добиле никаков одговор освен дека нема пари во буџетот“.
Ова во неделното интервју за Радио Слободна Европа го вели првиот човек на СОНК – Јаким Неделков.
„Тоа што сите во јавниот сектор го добија во мартовската плата 2024 година, а тоа е усогласувањето на платите согласно закон со минимална плата СОНК или просветните работници го добиваат во септември што значи во законскиот рок од март до септември односно во рок од шест месеци треба да се усогласиме и очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите или да се усогласат што е поточно“ – вели Неделков.
Според него, основните плати на работниците во образованието се релативно ниски во однос на другите плати и во регионот.
„Основната плата без никакви додатоци во основното образование е некаде 33 500 денари во средното е 34 600 денари. Тоа се основните плати кои се релативно ниски во однос на другите плати и во регионот, а и во однос на други дејности на некои други дејности кои отстапуваат од дејноста образование така што сметаме дека како важна гранка во општеството образованието вработените треба многу многу повеќе да имаат плати“ – посочува Неделков.