857
Во основните и средните училишта и во градинките денеска ќе продолжи штрајкот на вработените кој почна вчера организиран од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита.
За да се најде решение, најавена е нова средба меѓу синдикатот и владини претставници која веројатно ќе се одржи денеска или утре.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков се огласи на социјалните мрежи и упати порака и до оние кои одлучија да не го подржат штрајкот.
„На сите штрајкувачи им посакувам да останат такви какви што се, на оние малкумина што не штрајкуваа им препорачувам да си го послушаат срцето“, напиша Неделков.