Недела, неработен ден се најде пред уставните судии

by Fokus

Уставните судии на денешната седница ќе дискутираат по однос на четири иницијативи поднесени од правни и физички лица.

Меѓу денешните инцијативи кои треба да бидат разгледани е и иницијативата за законската одредба за недела неработен ден поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија. Преку оваа иницијатива се оспоруваат последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата.

– Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, велат од Уставен суд.

Поврзани новости