Недела на гордоста во Скопје

by Фокус

Од утре до 29 јуни по втор пат во Скопје ќе се оддржи Неделата на гордоста (Skopje Pride Week). Истата вклучува серија на настани како изложби, проекции на филмови, дебати, работилници, забави и дискусии, информира Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

„Настаните на Неделата на гордоста покриваат теми поврзани со правата на ЛГБТИ заедницата, родот и сексуалноста, феминизмот, сексуалното образование, правата на сексуалните работници и лицата кои живеат со ХИВ. Во рамките на неделата на гордоста ќе се проектираат и филмовите „Врела крв“, “We were here” и документарецот на Наташа Гелева „Што е парада?“. Централни настани на Неделата на гордоста се отварањето на изложбата „Јазик, идеаологија и насилство“, јавната дебата „Pride: провокација или потреба“ и завршниот настан во Паркот на Франкофонијата кој ќе вклучува архива на ЛГБТИ активизмот во Македонија. Целта на Неделата на гордоста е да ја зголеми видливоста на ЛГБТИ заедницата, да посочи на насилството и дискриминацијата и да алармира кон институциите на системот да превземат мерки кон нивно надминување“, се вели во соопштението на здружението.

Неделата на гордоста ќе се отвори утре (20 јуни), со изложбата „Јазик, идеологија и насилство“ во 20 часот во монтажната галерија на ЦАЦ, во Паркот на франкофонијата.

Поврзани новости