645
Денот на Републиката 2 Aвгуст (недела) е неработен ден за сите граѓани, а согласно Законот за празници на РМ неработен е и 3 август (понеделник), соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на сите граѓани им го честитаат Денот на Републиката.
Оваа година поради епидемијата, 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, ќе биде одбележан без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од ковид-19, утврдени од Комисијата за заразни болести.