Доколку амнестијата се става под банер на помирување, тогаш власта се движи во погрешна насока, со ова директно се подрива владеењето на правото, вели Зоран Нечев од Институтот за демократија во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Донесувањето на овој Закон јас го гледам исклучиво во насока на имплементирање на Преспанскиот договор, секоја друга природа на самиот Закон мислам дека не треба да ја разгледуваме, бидејќи точно се знае зошто овој закон се носи. Доколку тоа се става под банерот на помирување, мислам дека е грешна насоката во која се движи владата, со ова директно се подрива владеењето на правото, а тоа е еден од клучните критериуми кој земјите членки на ЕУ ѝ го дадоа на Република Македонија на Советот во јуни.
Фотографија:Фактор