Зоран Нечев од од Институтот за демократија Социетас цивилис во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека очигледно законот за финансирање на партиите имал најголем консензус во Собранието, но напомена дека многу е важно како овие пари се трошат.
-Очигледно е дека за овој закон имаше најголем консензус. Дури и оние кои беа гласни за други прашања не го блокираа законот, иако можеа. Самото гласање за пари за партиите не е толку контравeрзно, бидејќи тој начин на финансирањето е пракса на голем дел на ЕУ членки. Она што е поважно е слабата отчетност за што и како се трошат овие пари на граѓаните. За ако не се трошат продуктивно, истите да се намалат. Колку е ваквото раздавање на пари во време на криза енужно потребно е морално прашање. Имајќи предвид какви се кратења беа правени во услови на пандемијата.