Медиумите ја имаат должноста да ја информираат јавноста, но медиумите не треба да бидат дел од инфраструктурата на изборите и политичкиот процес, туку треба да бидат пренесувачи на информации и ставови а не учесници во изборните дуели, порача за Слободен печат политичкиот аналитичар Бесим Небиу.
Небиу се осврна на влијанието на сопствениците на медиуите врз уредувачката политика, оценувајќи дека тоа постои и дека е сообено видливо во вакви периоди пред избори
„Влијанието на сопствениците е огромно и тоа е рана што ја имаме повеќе од 10 години. Тоа влијаие поготово е видливо и осетно во предизборниот период, бидејќи тогаш се мешаат картите, а кога се мешаат картите, секој играч сака да добие што е можно подобра рака, да се изразам покерашки и оттаму доаѓа до тоа стоење на страна при поставување тешки прашања, затоа што некогаш може да помогнете и преку непоставување на прашања. Ова е седми осми циклус на избори ние сме толку малолетни по демократија како што некогаш се претставуваме. За влијанието пишуваат сите извештаи на меѓународните новинарски здруженија, пишуваат изештаите на Европската Комисија. Медиумската слобода оди рака под рака со прогресот и со демократријата, не можете едното да го озбезбедите без другото. Ние некогаш правиме одредни чекори во позитивна насока но тоа се инциденти, па после се враќаме назад, но тоа е ситуацијата во која што во кратки црти медиуми не секогаш ја играат својата улога во развојот на ова општество кон прогресот, кон нешто понапредно“ рече Небиу.