„Не знам што да правам, што да правам, не можам“ – потресни зборови од родителите на загинатиот Никола од Крушевац

by Fokus

Во куќата на Никола Рашковиќ, кој загина во експлозијата во Крушевац што се случи утринава во фабриката „Трајал“ се слуша плач. Мајката и таткото не можат да се помират со загубата на синот.

– Не знам што да правам, што да правам, не можам… – изјавила неутешната мајка Весна за српски „Новости“.

На новинарите им ја покажуваат фотографијата од синот не можејќи да ги задржат солзите кои се слеваат по нивните лица.

Утрово околу 9 часот се случила експлозија во фабриката „Трајал“ во Крушевац. Експлозијата се случила во објект за производство на лента за гориво.

Од експлозијата на лице место загина Никола Рашковиќ (18), а уште тројца мажи Душан Јаковљевиќ (25), Марко Милошевиќ (38) и Б.Т. (38) и едно девојче Сара Ц. (20) се повредени.

Директорката на градската болница д-р Весна Стевиќ Гајиќ изјави дека се примени четворица пациенти од фабриката „Трајал“, од кои еден е во животна опасност, а тројца се во стабилна општа состојба.

„Прво беше направена првичната дијагностика, сега се прави дополнителна дијагностика и се закажува консултативен преглед на лице на кое му е загрозен животот за понатамошниот тек на лекување, односно натамошно упатување во терцијарна установа“, рече Стевиќ Гајиќ.

Како што пренесе „Блиц“, Сара, тешко повредена девојка, по дијагностика е пренесена на клиника во Белград.

Поврзани новости