Не знаев дали ќе можам да одам, имам среќа што сум жив, вели актерот Качер

by Фокус

Ештон Качер во новата епизода од серијалот „Running Wild with Bear Grylls: The Challenge“ раскажа дека пред некое време му бил дијагностициран редок вид на васкулитис – автоимуна болест на крвните садови.

Тој истакна дека болеста „го исфрлила од рамнотежа“, но и дека му дала нов поглед на животот.

-Пред околу две години добив супер редок облик на васкулитис кој ми го наруши видот и слухот и целосно ме исфрли од рамнотежа – изјави актерот.

Качер вели дека дури сега гледа колку навистина бил тежок тој период.

-Не знаев дали ќе ми се врати видот, не знаев дали ќе ми се врати слухот, не знаев дали ќе можам повторно да одам – додаде тој, истакнувајќи дека е среќен што е воопшто жив.

Тој исто така спомна дека болеста го научила да им пристапува на проблемите на поинаков начин.

-Животот станува забавен кога ќе сфатите дека пречките всушност ви го даваат она што ви треба во животот. Тогаш почнувате да сурфате на вашите проблеми наместо да живеете под нив – посочи Ештон.

Поврзани новости