Не застанале на полициски знак, па направиле сообраќајка, во возилото имало Пакистанци

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 22 часот, полициски службеници од СВР Велес–Полициска канцеларија Градско ги лишиле од слобода Џ.Р. (22) и Ф.З. (22), двајцата од с. Батинци, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 418 Д од Кривичниот законик.

Според информациите на полицијата, околу 21.40 часот на регионалниот пат Градско – Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р., а сопатник бил Ф.З..

Возилото не застанало, продолжило со движење, по што излетало од патот и удрило во паркирани патнички возила „сеат“ и „опел“ со велешки регистарски ознаки.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Х.(30) од Пакистан, додека со телесни повреди се здобиле Џ.Р., Ф.З. и М.С.А.(28), сопатник од Пакистан, констатирани во болницата во Велес.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани новости