Англија и Данска ремизираа 1:1 во натпреварот од 2.коло на Европското првенство во меч одигран во Франкфурт.
Пјер-Емил Хојбјерг само што започна натпреварот во првата минута, шутираше силно од работ на шеснаесетникот, но неговиот удар отиде директно кон средината на голот и Џордан Пикфорд немаше проблем да го одбрани.
Англичаните возвратија преку Фил Фоден во 13. минута, а пет минути подоцна Гордиот Албион поведе со 1:0.
Кајл Вокер се проби по десната страна и ја испрати топката во данскиот шеснаесетник, таа се одби од неколку играчи и стигна до Хари Кејн кој го постигна првиот гол на Европското првенство во Германија.
Борбените фудбалери на Данска одиграа храбро против еден од главните фаворити во првенството, а Јонас Винд за малку ќе израмнеше во 32. минута, но навремениот лизгачки старт на Гуехи ја спаси Англија.
Немаше помош за тимот на Герет Саутгејт две минути подоцна, кога Мортен Хамланд шутираше од преку 25 метри и го матираше Пикфорд. Топката се одби од стативата на патот кон мрежата.
Уште три добри шанси беа забележани во Франкфурт.
Првата шанса ја имаше Јоаким Андерсен, но од добра позиција шутираше над англискиот гол. Фоден возврати, но немаше промена на резултатот.
Данска уште еднаш се закани во финишот преку Хојбјерг, но се истакна Пикфорд.
Деклан Рајс и Букајо Сака го отворија вториот дел со шанси за Англија, а Фоден немаше среќа, ја погоди стативата во 53. минута. Фудбалерот на Манчестер Сити шутираше од врвот на шеснаесетникот.
Англискиот селектор направи четири измени во продолжението.
Следуваа дански напади, а во три наврати Хојбјерг не успеа да го совлада Пикфорд. Првите два удари ги одбрани англискиот голман, а третиот само помина покрај стативата.
Англичаните се први со четири бода, по два имаат Данска и Словенија, а Србија само еден освоен бод.
Во решавачкото коло Англија игра против Словенците, а Србија против Данска.