Не треба ни да дебатираме дали постои македонскиот јазик, порача британскиот амбасадор во Скопје

by Fokus

Пораки за постоењето на македонскиот јазик испрати попладнево британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, на приемот што го организираше амбасадата по повод одбележувањето на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети.

„Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик… Ми се чини дека секој што негира дека постои македонскиот јазик не му кажал на ’Визер‘ бидејќи секој месец се пријавувам на македонски јазик за мојот лет кога се враќам дома.

Ова е мојот начин, нашиот британски начин да кажеме ’ние сме ваши партнери, пријатели и сојузници, продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и понатаму‘“, рече Лосон, пренесе МИА.

Годинава Велика Британија и Северна Македонија одбележуваат и 30 години од воспоставувањето дипломатски односи, за што Лосон порача дека земјава секогаш ќе ја има нивната поддршка како рамноправен партнер.

Поврзани новости