Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер остро реагира на можноста Украина да се приклучи кон ЕУ. Тој, земјата ја критикуваше, нарекувајќи ја „масовно корумпирана“.
„Секој кој имал каква било врска со Украина знае дека таа е земја која е корумпирана на сите нивоа во општеството. И покрај нејзините напори, таа не е подготвена за пристапување; им требаат обемни внатрешни реформски процеси“, рече Јункер за време на интервјуто во германското издание Аугсбургер Алгемајне објавено вчера.
Давањето лажни ветувања на Украинците за пристапување во ЕУ, според Јункер, не би било добро ниту за ЕУ, ниту за Украина.
„Не треба да давате лажни ветувања на народот на Украина кој е до врат во страдањето“, рече Јункер. „Многу сум лут поради некои гласови во Европа кои им кажуваат на Украинците дека можат веднаш да станат членка“.
Според Јункер, членството во ЕУ за земјите кандидати како Украина и Молдавија мора да биде поврзано со внатрешните реформи и мора да биде поддржано од квалификувано мнозинство. Тој додаде дека Украина со години се соочува со прашања за нејзиното искуство во борбата против корупцијата.