Не сум лекар, но вака како инженер на власта ќе и доделам дијагноза „ван паметот“, рече Мицкоски

by fokus

На Македонија и се случува целосно киднапирање на институциите од страна на една мафијашка група која се преставува како Влада. Сигурно некој ќе рече дека Христијан и ВМРО преувеличуваат, но еве погледнете ги состојбите. Нема учебници, нема лекови, цените неконтролирано растат, земјоделците немаат вода за наводнување, нема правда, нема владеење на право, нема инфраструктурни проекти, нема странски инвестиции, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Штип.

-Имаме само максимално организиран криминал дозволен и спроведен од власта на ДУИ и СДС и ја имаме Македонија, за жал се помалку и помалку. И оваа арогантна и одлепена власт уште има храброст да каже дека тие биле Европа. Епа господа од власта, нема Европска земја во која некој би бил министер после вакво фијаско. Во Европа после ваков колапс не чекаат редовни избори, туку си потпишуваат оставка и ги напуштаат фотелјите после вакви неуспеси, рече Мицкоски.

Тој праша дали во Европа е кога министер од ДУИ ќе даде 2 милиони евра на фирма која претходно била донатор на ДУИ и ги дала тие пари за му организира на истиот тој министер политички настан.

-Па ќе излезе да се жали како не знаел за тоа дека таа фирма била донатор. Па ќе излезе да се прави наудрен и да се прави дека тоа што го гледа не го гледа, а повеќе од 20 години или е министер, или портапрол или потпретседател. И добро еве бидејќи досега не знаел еве сега знае, научи, и прашањето е што сега ќе преземе, дали ќе го раскине договорот кој што претходно го потпишал, или да бидам по прецизен дали смее да го раскине истиот тој договор кој го потишал со таа фирма донатор. Зарем Европа е кога првиот човек на владата добива државно земјиште по едно евро и тоа од државата чиј што премиер, вештачки поставен, безнароден, без легитимитет ја води. Зарем Европа е кога се делат 215 пасоши на светски криминалци, нарко дилери и убијци? Претпоставувам дека и многумина од вас подзаборавија на тоа дека нема локален балкански криминалец и нарко бос кој што денеска нема македонски пасош издаден од оваа влада, која што денеска ја гледате започнува една кампања платена со ваши пари да не убедуваат дека тие биле Европа, критикуваше Мицкоски

Единствена тема на која сака да разговата власта, според Мицкоски, се уставните измени, кои како што вели, се полоши од катастрофата во секоја друга област, затоа што се натурени, наметнати и диктирани од надвор и народот е против во огромно мнозинство.

-Самите велеа, Пендаровски и СДСМ дека било внимавајте ќе потенцирам „ван памет“ да се менува повторно Уставот, и после три години еве ги истите тие актери повторно не убедуваат дај да го смениме Уставот за да можеле да дојдат НАСА или што уште не. Но, можат да се лутат само на дијагнозата иако не сум лекар, но вака како инженер можам да им ја доделам, а тоа е дека тие се ван паметот, рече тој.

Според него, францускиот претседател, Емануел Макрон ја кажал вистината, а Ковачевски се вратил блед од Блед.

-Па прашајте го францускиот претседател покрај сите остапки сите понижувања кои ги прифатија, јасно вели дека нема ЕУ. И што после тоа. 2030 ни ја продаваат за светлата година која треба да дојде во состојба кога нема гаранции ни дека државата ќе стане членка на ЕУ до 2063 година. Македонија, драги браќа и сестри, е уморна од ветувања на европски бирократи кои не тапшаат по рамото ветувајќи работи кои не доаѓаат. Македонија е уморна од политичари на власт кои само за да ги задржат фотелја спремни се и душата да си ја продадат, само за да ужииваат во привелегиите додека народот живее на ивица, на раб на издржливост. Со оваа власт сме се далеку од ЕУ, рече Мицкоски.

Поврзани новости