„Не сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци“ вели Герасимовски

by Fokus

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски ja демантира веста дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето „Песталоци“ каде што учеше 14-годишната Вања Ѓорчевска.

„Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола, на хрватски новинари да влезат во училишето. Влезот е строго контролиран и дозвола за влез може да даде само директорката на училиштето“, напиша Герасимовки на Фејсбук.

Претходно беше објавено дека директорката на училиштето избркала новинарски екипи кои сакале да фотографираат, а како што рекле имале дозвола од градоначалникот Герасимовски.

Новинарите разговарале со наставничката на Вања, која ја извести мајката дека таа не дошла во училиште денот на нејзиното исчезнување.

Поврзани новости