Не сме забраниле снимање на протестот „Србија против насилство“, соопшти Дирекцијата за цивилно воздухопловство

by Fokus

Дирекцијата за цивилно воздухопловство ги демантираше тврдењата дека во петок е забрането снимање од воздух на шестиот протест „Србија против насилството“, кој ќе се одржи пред Собранието на Србија.

Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија соопшти дека врз основа на проценката и одобрението на надлежните органи, а во согласност со Правилникот за беспилотни летала, за утре донесе решение со кое одобрува летање во условно забранетата зона, за сите локации за кои се исполнети безбедносните и другите услови пропишани со правилникот.

„Врз основа на горенаведеното, неточно е да се наведе дека апликантите не добиле дозвола за летање во условно забранетата зона (LYR 8) за 9 јуни годинава“, велат од Дирекцијата.

Ова извесутување од српската Дирекција за цивилно воздухопловство доаѓа по тврдењата и натписите во одредени медиуми, како и на социјалните мрежи, објавени вчера во врска со забраната за лет на беспилотни летала за утре во условно забранетата зона LYR- 8 Белград.

„Условите за летање со беспилотни летала во условно забранетата зона LYR-8 Белград се регулирани со член 15 од Правилникот за беспилотни летала и член 13, ставови 2 и 3 од Законот за воздушен сообраќај на Република Србија, врз основа на која Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија донесува решение кога надлежните органи ќе проценат дека се исполнети безбедносните и другите услови пропишани со овој правилник во однос на планираниот лет“, соопшти Дирекцијата.

Членот на Народната партија Мирослав Алексиќ вчера изјави дека Дирекцијата забранила да се снима рутата по која ќе се движи протестната поворка демнес – од зградата на Народното собрание до зградата на Владата на Србија.

Поврзани новости