713
Иако првично се тврдеше дека во автобусот, кој се запали во Бугарија, имало 52 патници, од кои 46 настрадале, сепак сега се тврди дека оваа бројка не е прецизна.
Поточно, министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, откри дека не се знае точната бројката на патници во автобусот, бидејќи наводно во конвој возеле четири автобуси, застанувале на постојки за одмор на патниците и се смета дека можеби имало и префрлување на патници од еден во друг автобус.
– Сликата е ужасна, такво нешто не сум видел. Никој не може да каже колку се на број, ниту кои се, допрва треба да се идентификуваат – изјави министерот за внатрешни работи – Бојко Рашков.