Не се знае кога починале мајката и синот од Велес

by Fokus

Се уште не е утврдено кога точно починале мајката и синот кои беа пронајдени во стан во Велес, пренесува Телма.

Обдукцијата не е завршена а токму таа би покажала дали вирусот е присутен од поодамна во земјава. Извори од истрагата за Телма велат дека за да се утврди кога Катерина и Ванчо Маноилови починале мора предвид да се земаат и условите во кои престојувале телата.

Тие беа пронајдени во нивниот стан после пријава од соседите поради тоа што се ширела ужасна миризба, а телата биле во фаза на распаѓање. И покрај тврдењата на соседите дека не ги виделе од јануари, не е исклучена можноста тие да починале многу подоцна.

Поврзани новости