486
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Европската комисија, Кетрин Реј, одговори потвдно на директно прашање дали Хан наскоро ќе дојде во посета на земјата.
– Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, истакна Реј.
На 15 јануари, според договореното, Никола Груевски веќе не треба да биде премиер. Треба да има избор на техничка Влада со нов мандатар со единствена задача организирање на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 24 април.
Кој ќе биде наследникот на Груевски не е познато.