Не се знае дали меѓу загинатите има и роднини на пациентите

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека ќе се испитува како функционирале посетите во Ковид центарот во Тетово, кои инаку се забранети. Рече дека засега не се знае дали меѓу загинатите има и роднини на пацинетите.

-За тоа како функционирало ова ќе направиме истрага. Според информациите кои ги имаме во моментот на пожарот во болницата имало две лица на посета. Во однос на тоа дали меѓу загинатите има роднини на пациентите, тука има шпекулации и затоа ќе се прави ДНК анализа. Би сакал во овој дел да бидеме многу прецизни. Ние во секој момент обезбедуваме кадар. За тоа дали роднини на пациентите биле таму за да им помагаат на своите блиски, ќе покаже истрагата. А, од мое лично искуство знам дека е тешко да се изменаџираат посетите кога имате некој близок во болница. Посетите во Ковид центрите се апсолутно забранети, а за тоа што се случувало ќе видиме од наодот.
Ќе инсистирам на точна проверка на целата ситуација, рече Филипче.

Поврзани новости