Не се соблекувам гола во име на кариерата, да се знае мојот став, вели Марија Груевска

by fokus

Младата пејачка од Битола, Марија Груевска, која по учеството во музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд” се стекна со регионална популарност, првенствено поради ексцентричната гламурозност за време на настапите, се почесто ги полни страниците на медиумите во соседството.

Минатата недела таа се најде во популарниот медиум Ало.рс, кој пренесе нејзина изјава дека за неа не постојат граници, цел тим се грижи за нејзините настапи, и ако некоја сцена го бара тоа, таа би немала проблем да се соблече.

Веста дека Марија би се соблекла гола во име на каирерата која првично ја објави српскиот медиум, набргу ја пренесоа и портали во земјава, цитирајќи го изворот.

Но, Груевска на својот официјаен профил ги демантира нашите медиуми, појаснувајќи дека никогаш не изјавила дека ќе се соблече гола.

-Лажна е веста за моја изјава во која наводно посочувам дека би се соблекла и гола, ако е во прашање мојата кариера… Сакам јавно да кажам дека никогаш нити сум мислела, нити пак сум изјавила такво нешто. Свесна сум дека еден дел од читателите нема да го прифатат мојот демант и и понатаму ќе ме посочуваат со погрдни зборови, но чувствував потреба јавно да посочам дека се работи за лажна вест. Дали е тоа направено намерно или не, не навлегувам, но сакам да се знае мојот став- порача таа.

Сепак, и покрај демантите кои ги објави покрај линковите на веста на македонски портали, таа нема објавено демант до првичниот извор, одосно до српскиот портал, од каде всушност започна целата приказна со разголувањето.

Инаку, Груевска минатиот месец ја промовираше новата песна ,,Горим сва” и еротски видео запис за истата. Тогаш се најде во центарот на вниманието, бидејќи автор на стиховите е нејзиниот татко Душко Груевски, кој е парохиски свештеник. Тој исто така бил задолжен за сценариото на проектот, кој изобилува со провокативни кадри.

Вики Клинчарова

Поврзани новости