99
Тоа што генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, присуствувал на собирот на партијата Нова алтернатива, на која за нов партиски лидер беше избрана скопската градоначалничка Данела Арсовска, не значи дека ќе има коалиција или некаква соработка меѓу двете партии, едноставно тоа е дел од политичката култура, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.
„Тоа е одлука на партијата и партијата ако добила поканата и мислам дека било кој член на партијата треба да удостои формирање на политичка партија, доколку принципите на партијата се демократски. Тоа не значи, по дефиниција дека ќе има коалиција или соработка, тоа е политичка култура“, рече Петровска.