Не се потребни градоначалници со лукративни цели, вели Стоилковски

by Fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во панел дискусијата наречена „Европски практики во Локалните самоуправ“ истакна дека токму од работата на градоначалниците во општините најмногу зависи дали луѓето ќе си одат од државата или ќе останат да ја градат нивната иднина во нивното родно место.

Според него, гледано низ призмата на општините во 21 век, Македонија не може да се пофали дека е во чекор со времето, посебно кога градоначалниците и советите имаат лукративни цели и партиски погледи, а тоа се покажа во изминатите 4 години.

 

Поврзани новости