Не се почитуваат закони и во националните паркови: Ниту еден ловокрадец не завршил во затвор!

by Fokus

Луѓето во Македонија имаат проблем со почитувањето на законите, па дури и кога станува збор за националните паркови кои треба да ги чуваме во нивната природна состојба. Криволовот е еден од најголемите проблеми кој ги погодува националните паркови во Македонија.

Пишува: Јорданчо ЦВЕТАНОСКИ

Години наназад, Министерството за внатрешни работи регистрира низ нерегуларности низ македонските шуми, вклучително и национални паркови, каде исто така не се почитуваат законите, па криволовците решаваат да ги земат нештата во свои „раце“.

Од 2019 до 2021 година на цела територија на земјава се пријавени вкупно 39 сторителите со констатирано 31 кривично дело за незаконит лов, додека пак за незаконит риболов, пријавени се 52 сторители за 28 кривични дела.

За кривичното дело Незаконит лов од чл. 228 од КЗ на РСМ:

  • Тој што лови дивеч за време на ловостој, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
  • Тој што неовластено лови во забрането ловиште, убие, рани или фати жив дивеч, ќе се казни со парична казна или затвор до три години.
  • Ако делото од став 2 е сторено спрема висок дивеч, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
  • Тој што лови редок или проретчен дивеч чиј лов е забранет или лови без посебна дозвола дивеч, за чие ловење е потребна таква дозвола или лови на начин или со средства со кои дивечот масовно се сотира, ќе се казни со затвор од една до пет години.
  • Уловениот дивеч и средствата за лов ќе се одземат.

 НИТУ ЕДНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА КРИВОЛОВ

За периодот од 2019 до 2021 година, на ниво на Македонија се утврдени само две условни казни затвор за кривично дело Незаконит лов.

Сепак, и покрај големиот број на регистрирани кривични пријави за незаконит лов од МВР, речиси и да не постои случај на судска правосилна пресуда-казна затвор за сторено кривично дело „Незаконит лов“ од член 228 од КЗ на РСМ. Најголем дел од случаите на лица затекнати во криволов, поминале со парична казна од 120 дневно глоби, со утврдена вредност на една дневна глоба од 10 евра.

Од досегашното искуство, но и од разговори со колеги адвокати кои се бават со кривичното право повеќе од 20 години, тврдам дека за кривичното дело Незаконит лов од чл. 228 од КЗ на РСМ не е забележано да се изрече кривична санкција – ефективен затвор“, вели адвокатот Ѓоко Гажоски за „Фокус“.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости