Не се почитува полицискиот час и не се носат маски, полицијата продолжува со казните

by Fokus

Полицискиот час од 22 часот на 17 март 2021 до 05 часот и утрово не го почитувале 23 лица, информираа денеска од МВР, додека пак во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата за неносење лична заштита на лице регистрирани се 455 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани новости