Не се мешајте, ќе се соочите со страшни последици, предупреди Путин

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава во специјално обраќање ги предупреди сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина.

Сега неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат: Кој и да се обиде да не попречи, згора на тоа, да создаде закани за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде итен и дека ќе ве доведе до такви последици со кои никогаш не сте се соочиле во вашата историја“, предупреди тој.

Путин рече дека се донесени сите неопходни одлуки и дека се надева дека некој ќе ја слушне неговата порака.

Рускиот претседател синоќа донесе одлука за специјална воена операција во Донбас.

Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина. Ескалацијата на ситуацијата во Донбас започна на 17 февруари.

Поврзани новости