„Не се купуваат мобилни, тоа е јавна набавка за две години“

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „24 анализа“ во врска со набавката на мобилните телефони за претениците истакна дека има јавно објавен договор.

-Не се земани мобилни, договорот е јавен. Не се купуваат мобилни. Тоа е јавна набавка за две години. Јавна набавка е обезбедување телефонија за работа на Собранието, 300 луѓе служба, 120 луѓе пратеници. Тоа не е купување телефони, туку е субвенција кога ќе заврши договорот. Од име на поените што ќе се трошат, од име на Собранието, вели Џафери.

Според него пратениците ќе добијат нови телефони ако има потреба.

Тоа го плаќа буџетот она што е планирано за функционирање на институцијата, дополнува тој.

Поврзани новости