427
Од извори во преговарачките тимови дознаваме дека Груевски во клубот на пратениците бил повикан кај странските медијатори за да го образложи решението на новиот закон за необјавување и повлекување на бомбите од сите медиуми.
Амбасадорите биле изненадени од текстот на законот кој го поднесе пратеникот Талат Џафери во име на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметале дека тој ги минира преговорите меѓу работните групи.
Пралелно се очекува да се поднесе уште еден рестриктивен закон т.н. свиркачи, односно луѓето што сакаат да обелоденат корупција во државните органи. Иако првична идеја е со овој закон да се овозможи нивна заштита, всушност решенијата на владејачката коалиција кријат многу замки.