„Не само колку ние се гордееме со Гоце, туку колку и дали тој се гордее со нас“ порача г.г.Стефан

by Fokus

На денешното одбележување на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегации од државниот и владин врв положија свежи цвеќиња и му оддадоа почит на нашиот великан.

Со панихидата чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

„Крајно време е да сфатиме дека Македонија не е само парче земја, ниту само георграфија, туку библиска земја со свое.

Сите заедно треба да размислуваме не само колку ние се гордееме со него, туку и коку и дали Гоце се гордее со нас. Потребно е да се запрашаме колку и дали за достојни родољупци не смета Гоце и колку и дали гледајќи ги нашите поединечни и заеднички дела во нас согледува свои вистински чеда, кои ги чуваат и се подготвени да ги бранат неговите идеали и аманети“.

На Гоце и на многубројните комити и борци, борејќи се храбро, се дадоа себеси за слободата на Македонија. А што пак даваме ние? Гоце и неговите соборци во Евагелието се заведуваат „Слобода или смрт за татковината“ и на дело ги потврдуваат своите зборови. Колку од нас денес се потготвени да го речат и особено да го исполнат тоа?“ рече г.г. Стефан.

Поврзани новости