762
Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието упати „тешки“ зборови до премиерот Димитар Ковачевски.
-Ќе скапеш, ќе скапеш, во затвор. Може да се смеете до утре сабајле, ние ова ќе го реализираме – рече Ковачки, додавајќи дека власта ќе биде запаменета како предавничка.
Потоа, тој со зипо-запалка се обиде да го запали францускиот предлог. Неколкупати се обиде да ја активира запалката, но не успеа, па потоа го искина предлогот со раце.