680
Бројките на новоинфицирани со корона вирус во Кавадарци не се намалуваат значително во изминатиот период. Денес се регистрирани 25 нови случаи во градот, и по три во Росоман и Неготино.
Во тек на вчерашниот ден во ЦЈЗ Кавадарци првичните пристигнати позитивни резултати беа за три лица, но со резултатите пристигнати до крајот на денот бројот се зголеми на 28.
-Пациентите се на возраст од 13 до 70 години. Помеѓу нив има и еден здравствен работник од Росоман, велат од центарот и апелираат на максимално почитување на мерките за заштита.
Во ковид одделот пак, во кавадаречката болница денес се хоспитализирани 23 пациенти, во стабилна општа состојба и има 37 слободни места.
Вики Клинчарова