312
Контролор во автобус бил физички нападнат за време на вршењето на својата работа, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 13.00 часот во автобус бр.67, кој се движел на релација Зелениково-Транспортен Центар, на влез на с.Драчево, С.Н. (53), вработен како контролор во Јавното сообраќајно претпријатие, бил физички нападнат од страна на лицата С.М.(22) и И.М.(26). Причина за физичкиот напад било претходна расправија за неплаќање на карти за превоз.
Физичкиот напад е расчистен и против лицата ќе биде поднесена прекршочна пријава од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.