Институциите од Тетово со апели до граѓаните да не се пали оган на отворено за да се избегнат пожари, а особено на подрачјата на националниот парк Шар Планина. Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово велат дека деновиве со зголемување на температурите се евидентираат и пожари на отворени простори каде за жал во најголем број случаи причина е човечки фактор.
–Апелираме до граѓаните на Општина Тетово и другите рурални општини кои гравитираат кон општината, да бидат максимално внимателни во овој временски период, имајќи ги предвид штетите кои можат да бидат предизвикани од појавата на пожари во природата и во објектите.
Апелираме и до земјоделците и до излетниците на отворено да не палат оган и да не фрлаат цигари, бидејќи мала искра може да предизвика голема катастрофа. Исто така, апелираме да бидете многу внимателни што се фрлат во контејнерите за да се избегнат пожари, порача Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.
Неделава од ЈП Национален парк Шар Планина информираа дека изминатите неколку дена во атарите на селата во склоп на паркот биле регистрирани неколку пожари, најчесто поради палење на стрништа и плевели
– На територија на Национален парк Шар Планина е строго забрането палање на стрништата, плевели и други одпадоци. Како потсетување за оваа недозволена активност поставува табли, а против оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака чуварската служба на ЈУ Национален Парк Шар Планина ќе превземе мерки согласно закон, порачаа од оваа јавна установа.
Од таму потсетуваат дека казната за ваква активност изнесува од 6.000 до 8.000 евра за правни лица, а од 1.500 до 3.000 евра за физичко лице.