Дваесеттина воспитувачки и негувателки од двата објекти на детската градинка „8 Март“ во Струга, ангажирани со договори на дело денеска не отишле на работните места.
Причина е неисполнување на нивните барања за решавање на статусот со редовно вработување или минимална плата со платени придонеси.
Директорката на градинката Сања Србовска денеска имала средба со струшкиот градоначалник Рaмис Мерко, но детали од средбата не откриваат.
Во двата објекта во струшката градинка денеска деца се згрижуваат редовно, но родителите се загрижени и очекуваат продлабочување на проблемот од понеделник кога се очекува да се зголеми бројот на дечиња.
Негувателките и воспитувачките пред една недела најавија дека повеќе нема да работат за 10.000 денари месечен хонорар, без здравствено и пензиско осигурување.