Не одам, ниту во Будимпешта, ниту во Грција, тука сум за да се соочам ако се утврди одговорност, рече Димовски

by fokus

Не одам ниту, во Будимпешта, ниту во Грција, тука ќе бидам во Македонија за да се соочам ако се утврди некаква одговорност за мене за случајот Онишченко, кажа директорот на АНБ, Виктор Димовски кој денеска дојде да реферира за случајот пред собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР.

Тој потврди дека крајниот  потпис за позитивното мислење за давање на македонско државјанство на Украинецот Онишченко е негов, но тој не чувствува одговорност затоа што, според него, станува збор за грешка на едно лице кое во овој случај не ја испочитувало процедурата и не направило консултации со Нато партнерите.

За ова лице најави дека ќе се бара одговорност, но смета дека АНБ професионално работела и досега направила 30 илјади проверки.

Според него, некој сака да ја стави Агенцијата во чевлите на поранршната УБК која прислушуваше над 20 илјади граѓани.

Тврди дека АНБ не следела лица од опозицијата, но кажа дека него го обвинуваат лица од опозицијата за кои има истраги за измама и злоупотреба на службената положба.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости