Не му се допаднала песната, па ја гаѓал диџејката со шишиња

by fokus

Во угостителски објект во Крива Паланка на првиот ден од годината се случил инцидент кога еден од гостите ја нападнал диџејката, бидејќи не му се допаднала песната.

-На 01.01.2018 година во 01.30 часот во Полициската станица Крива Паланка Е.С. (24) пријавила дека истиот ден околу 01.15 часот во угостителски објект во Крива Паланка, каде што пуштала музика, лицето А.Н. (24) од с.Опила започнал да фрла со шишиња и чаши кон нејзе затоа што не му се допаднала песна. Екипа на Полициската станица Крива Паланка излегла на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување  на случајот, велат од МВР.

Поврзани новости