460
Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и понатаму е без својот пасош, односно не е точна информацијата која беше објавена на неколку медиуми дека Кривичниот суд му ја вратил патната исправа и тоа со соогласност од СЈО.
Од Кривичниот суд ја демантираат оваа информација и појаснуваат дека Кривичниот совет воопшто не постапувал по вакво барање.
За Мијалков обвинет во неколку предмети на СЈО и понатаму се активни мерките на претпазливост што му ги одреди судот, односно одземен му е пасошот и има обврска еднаш неделно да се пријавува во Основниот суд Скопје 1.