Се огласи наводната љубовница на принцот Вилијам. По шпекулациите дека принцот Вилијам има љубовница и дека поради тоа имаат проблеми во бракот со принцезата Кејт, Сара Роуз Хенбури, Маркионес од Чолмондели, решила да прозборува за наводната афера со принцот Вилијам.
Гласините за нивната наводна афера кружат подолго време, но по ненадејното исчезнување на Кејт Мидлтон, што ја загрижи јавноста и хаосот што таа го предизвика со фотошопирана фотографија, се појави теорија дека Кејт доживеала нервен слом откако дознала за нивната афера и дека тоа е вистинската причина зошто толку долго не се појавува во јавноста.
Сара Роуз е блиска пријателка на Кејт и Вилијам, а сега се огласи преку адвокат и изјави дека овие тврдења се целосно лажни.
Гласините за нивната афера почнаа да се шират во 2019 година, кога беа видени на романтична вечера. Инаку, поранешната манекенка (39) има три деца со 24-годишниот сопруг Дејвид Роксавагеа, седмиот маркиз од Чолмондели.