Инфлуенсерка или модна блогерка, „професија” која станува се попопуларна кај нас, помеѓу млади девојки и жени, кои се трудат да го освојат интернетот со интересни фотографии и да стекнат што е можно повеќе следбеници на социјалните мрежи.
Непишаното правило за инфлуенсерките е колку повеќе следбеници, наводно толку поголема заработка од компании кои рекламираат свои производи на нивните профили, или пак им нудат свои производи или услуги во вид на компензација. Со цел да привлечат што е можно повеќе следбеници, деновиве во ЗОО Скопје често се случувало новопечени инфлуенсерки и модни блогерки во обид да имаат интересни барања за фотосесии со животните.
Барања од видот – Да се јавне слончето, да се позира со лавот, да го прошетаат мајмунчето Коко и многу слични идеи за да се направи интересна фотографија биле секојдневие на вработените во зоолошката градина. Токму поради нив, портпаролот на зоолошката, Тина Мицковска, објави еден вид на правилник на однесување на својот профил, каде иако навидум на шега, им појасни на инфлуенсерките дека повеќе допаѓања може да се соберат со помагање околу грижата за животните, отколку со извешачено позирање.
-До сите новопечени инфлуенсерки и wannabe блогерки:
– Не, не може да јавате слонче – Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа – Не, не може да го држите Коко за рака и како демек шетате – Не, не може да ги пуштиме лемурите надвор од живеалиште, за луѓето да мислат дека сте на Мадагаскар – Не, не може да ја гушнете жирафата со две раце као демек ептен ве сака и сте BFF – Не, не може папагалот за на стори да ви каже ја сакам Разменка во поштенско сандаче – Не, не може да позирате со лавот и да пишете King and Queen Наместо да ви текнуваат вакви будалаштии, дојдете фатете се за лопата и чистете им го изметот, повеќе лајкови ќе соберете – наведено е во објавата на Мицковска.
Трендот со инфлуенсерките и модните блогерки кој е доста популарен во светот зема замав и кај нас. За нив се смета дека се индивидуалки кои имаат моќ да влијаат врз одлуките на другите поради својот авторитет, позиција, знаење на одредена тема, најчесто модата.
Тие создаваат трендови и ги охрабруваат своите следбеници да ги купуваат производите кои ги рекламираат.